Откриен уште еден вработен во градинка позитивен на коронавирус, овој пат во Скопје

Од:

Тестирањето на вработените во градинките откри втор случај на заболен од коронавирус. Овој пат, како што извести Министерството за здравство, се работи за вработен во скопска детска градинка.

Првиот случај на вработен во детска градинка позитивен на коронавирус беше откриен во Битола на почетокот на тестирањето.

Од планираните околу 2000 вработени во градинки кои треба да се тестираат за коронавирус пред отворањето на објектите досега се завршени 1267.

Тестирањето почна на 14 мај. Се тестираа вработени во детски градинки во Битола, каде што тестирањето е завршено, и во Скопје, а завршени се и дел од тестирањата на вработените во градинките во Велес.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека тестирањето на вработените во градинките ќе трае десетина дена, а кога целосно ќе заврши, се планира и отворање на градинките.

Одлуката да се затворат градинките Владата ја донесе на 10 март годинава, откако во земјата беа регистрирани седум случаи на заболени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска