Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама. Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага, велат од обвинителството.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, предлогот не беше прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице“, соопшти обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби