Откриен идентитетот на машкиот труп пронајден покрај Вардар

Од:

МВР го откри идентитетот на починатото лице чие што тело беше откриено на 13.03.2012 година во ревизионата станица за отпадна вода од АД „Охис“ покрај реката Вардар.

Се работи за лицето Томислав А.(48) од Скопје, за кого на 08.03.2012 година од страна на КПУ„Идризово“ била издадена потерница, поради бегство од затвор.

Починатиот беше пронајден од двајца случајни минувачи.

Од извршената обдукција е констатирано дека Томислав починал како последица од удар при пад.

Тој бил пуштен на отсуство за викенд, а издржувал казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело „убиство“ извршено во 2004 година и имал за доиздржување уште една година и седум месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип