Отказни решенија за шестмина вработени во општина Гостивар

Од:

Одлуката за престанок на работниот однос се води под образложение дека повеќе од 3 дена не сме се појавиле на работното место. Тоа е невистина и лесно може да се докаже. Ваквиот потег на општинските власти нема никаква законска основа и несомнено претставува политички реваншизам, обвинува Шпенд Капроли, шеф на кабинетот на претходниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.

Меѓу шестeминa отстранети има и двајца раководители на секторот за урбанизам и сообраќај.

Од локалната власт, пак,објаснуваат дека нивната одлука нема никаква политичка позадина. Според нив, решението за престанок на работниот однос е поднесено, затоа што вработените повеќе од десет дена неоправдано не се појавиле на работа.

“Не станува збор за политички мотивирана одлука и не постои никаков политички реваншизам како што обвинуваат тие. Отпуштените вработени во Oпштината подолг период не доаѓаа редовно на своето работно место, а на крајот на неделата не поднесоа ниту работен извештај”, објаснува Башким Хасани, актуелниот шеф на кабинетот на градоначалникот Невзат Бејта.

Шестeмина отпуштени од локалната самоуправа случајот го пријавиле во трудова инспекција, а, како што најавија, понатаму ќе ги известат сите релевантнидржавни и странски институции.

Би можело да ве интересира

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал