Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Настанот по повод прогласување на Шар Планина за национален парк.

Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре Ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов