Откажани концертите во Охрид викендов, општината не го дава стадионот

Од:

Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ ја информираат јавноста дека музичките концерти кои беа закажани за 7-ми и 8-ми август 2020 година на Градскиот стадион, од страна на една музичка продукција, нема да се одржат.

Просторот на Градскиот стадион нема да биде изнајмен за овие концерти, затоа што е утврдено дека организаторот нема да може во целост да го испочитува Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија.

Општина Охрид упатува препорака до останатите менаџерски куќи да ги откажат концертните настани во Охрид доколку немаат капацитети за почитување на овој Протокол и спроведување на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.
Во насока на остварување на економскиот бенефит, кој туристичките чинители го имаат од организирањето на ваквите концертни настани, Општина Охрид ќе даде дозвола за одржување на концерти на локации со кои стопанисува општината, само доколку организаторите гарантираат почитување на препораките за заштита, кои се утврдени со одредбите од Протоколот и ја преземат целокупната одговорност за здравствената безбедност на публиката.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид