Откажан сезонскиот воз Скопје – Солун

Од:

„МЖ Транспорт АД“ – Скопје соопштија дека сезонската линија што сообраќаше на линија Скопје – Солун ќе биде укината од 1. септември.
Патничката линија се укинува поради неисполнување на зацртаните цели и очекувања во делот на искористеноста и комерцијалните ефекти.

Возот од Скопје тргнуваше секоја сабота во 5.05 часот, а во Солун пристигнуваше во 10.24 часот (по грчко време)

Во спротивен правец од Солун тргнуваше секоја недела во 20.11 часот (грчко време), а во Скопје пристигнуваше во 23.11 часот.

Последното возење ќе биде на 24 август од Скопје, односно на 25 август од Солун за Скопје.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска