Откако не застанал на даден знак „стоп“, прилепчанец се обидел да прегази полицаец

Од:

Околу два часа по полноќ на 13 јуни, во Прилеп, на улицата „Браќа Миладиновци“ од страна на полициски службеници било пријавено дека возач на автомобил „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање.

По ова, полициските службеници го следеле по улицата, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“.

Но, лицето кое го управувало „пежото“ се упатило кон полицискиот службеник, со цел да го прегази, по што полицискиот службеник, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала.

Автомобилот продолжил со движење по улицата „Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанал, туку со голема брзина се упатил кон друг полициски службеник, со намера да го прегази.

По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон градските гробишта, при што уапсен бил 25-годишниот возач, кој се барал со потерница за издржување на затворска казна и заедно со неговите сопатници на возраст од 35 и 28 години биле приведени во полициската станица Прилеп.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес