Отец Ивица: Целта на Сорос е зомбирање на човештвото!

Од:

Се засилува анти-пропагандата против Сорорс. Во „борбата“ за „десоросоизација” на Груевски, се приклучија и свештените лица од Македонската православна црква, најголемиот поседник на луксузни џипови во земјава.

Отец Ивица Тодоров од Скопската епархија на МПЦ, на својот Фејсбук профил дава свои оценки за работата на Џорџ Сорос. Тој постира и видео од протестите против Трамп, за кој провладините медиуми тврдат дека наводно се организирани од Сорос. Еве што сега напиша Тодоров:

Ме запрашаа вчера:

„Отец Ивица, а која е вистинската цел на соросоидската пропаганда, кампања, активизам и енормното вложување пари?“

Одговорив:

„целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за ОБРАБОТУВАЊЕ да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните/ личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво.

Всушност тоа е процес на – ЗОМБИРАЊЕ – , формирање на форми без суштина, личности без БОГОЦЕНТРИЧЕН светоглед, а со препознатлив НИХИЛИСТЧКО ОГРЕВОВЕН светоглед! Таквите „личност“ се себецентрични, односно, дрски егоисти и себеугодници и како такви тие стануваат „топовско месо“ на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се „фактор“, дека се им е дозволено и дека не постои ГРЕВ и ОДГОВОРНОСТ!

Последната фаза на оваа програма, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, е формирање човештво без ЧОВЕК, односно, човештво без ИДЕНТИТЕТ, односно, човештво без СТАВ, ВРЕДНОСТ и ВИСТИНА.

Ме запрашаа повторно:

„А зошто сето тоа?“

Одговорив:

„Сето тоа се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и воља се води одамна започнатата духовна војна која има за цел да го истисне ОД СЕКОЈ ЧОВЕК се она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде ОСТВАРЕН ЧОВЕК, односно, БОГОСЛИЧНО битие, на

САТАНОСЛИЧНО ѓубре!“

Реагираа заинтересирано и ме прашаа:

„А каде и од каде можеме повеќе да се запознаеме со сето ова?“

Им одговорив:

Читајте Свето Писмо и искрено, храбро и логички размислувајте, па се ќе ви стане ЈАСНО:)!

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата