Осветен храмот на Смилковското Езеро

Од:

Денес 13.04.2024 година се изврши чинот на осветување на храмот Св. 40 Маченици изграден на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стефковски кои беа свирепо убиени на 12.04.2012 година на ова место.

Иницијатор за изградбата на овој храм е здружението на граѓани Св. 40 Маченици, а со посебна поддршка и помош од градоначалниците на општините Гази Баба и Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

– Чинот на осветувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква Охридска Архепископија Господин Господин Стефан кој пред присутните верници истакна: На ова место се случи исклучителна трагедија извршена од луѓе – нелуѓе, извршена од ѕверови во човечки кожа. Исто како 40те Маченици, животите на тие пет луѓе, христијани и македонци, чеда на мајката црква беа одземени поради само една причина, поради нивната христијанска вера и нивната македонска крв. Преку овие пет христијански души се покажува дека сведоштвото на мачениците претставува семе за црквата. И ете се изгради овој мал, но убав дом божји и денес ја имаме радоста да го осветиме. – истакна Г.Г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско Eзеро

Левица: Наместо да го екстрадира, Косово го ослободува Алил Демири за убиството на Смилковско Езеро

Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше, вечерва ќе бидат отворени дверите на храмот

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро, двајца од осудените уште се во бегство

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“