Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Од:

Не само медицинска и физиотерапевтска нега, туку и психолошка, како и социјална поддршка ќе добијат повредените од трагедијата во Кочани на кои со владина одлука ќе им биде овозможено да се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“.

Како што соопшти денеска владината портпаролка Марија Митева, веќе се прави оперативниот план кој ќе вклучува и план на медицински кадар што ќе се грижи за пациентите.

Митева информира дека Владата следната недела ќе ја донесе одлуката со која одморалиштето „Пониква“, во сопственост на Министерството за внатрешни работи, ќе му се отстапи на Министерството за здравство. „Пониква“ е во добра состојба, рече, и нема да има потреба од дополнителни зафати или ако има, тие ќе бидат минимални.

-Одморалиштето „Пониква“ располага со 27 соби и 56 легла, лоцирано е во природна и мирна средина, што го прави исклучително погоден простор за пациентите кои се веќе во фаза од лекувањето во која е неопходна физикална и работна терапија. Станува збор за пациенти кои се веќе стабилизирани, но кај кои постои реална потреба за понатамошен третман, се со цел да се спречат и намалат долгорочните последици од изгорениците, како и други можни компликации коишто се поврзани со подолготрајното лекување. Ќе се направи план пациентите да бидат распределени во неколку групи и циклуси на терапија, се со цел да се овозможи персонализиран пристап кон секој поединечен случај, во согласност со препораките на лекарите. Покрај медицинската грижа, оваа мерка има и важен психолошки и социјален аспект. Овозможувањето престој во ваков тип на објект ќе придонесе за меѓусебна поддршка помеѓу пациентите и подобрување на нивната психо-емоционална состојба, истакна Митева.

Според медицинските проценки, потсети, пациентите не смеат да бидат изложени на директно сонце и на високи температури, а истовремено, не треба да се соочуваат со дополнителен физички и логистички напор.

-„Пониква“ ги нуди сите предуслови за ваков тип на згрижување. Очекуваме во најкус можен рок да ги завршиме сите овие процедури и институционално да ги донесеме овие одлуки, медицинскиот кадар да контактира со сите пациенти, по што ќе почне сместувањето и спроведувањето на терапиите, согласно веќе утврдениот план. Оваа мерка е институционален одговор, израз на одговорност и посветеност кон секој поединец. Нема ништо поважно од човечкиот живот и достоинството на луѓето, рече портпаролката.

Одговорајќи на новинарски прашања, Митева нагласи дека очекува на следната владина седница да се дискутира за Акцискиот план што го изготви Институтот за јавно здравје за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

-За оваа тематика псотојат надлежни институции како ИЈЗ кое ќе ги даде препораките, а Владата е таа што треба да ги спроведе, напомена Митева.

Би можело да ве интересира

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски и повредените, а најмногу – правдата

Горан Наумовски

Сведок во процесот „Пулс“: Не барам сожалување, барам да ја признаете вината, нашите деца не починаа од природна смрт

Судење „Пулс“: Мајка на загинатиот 24-годишен Андреј вели „Кристијан до ден денеска има кошмари и ја преживува таа вечер“

Горан Наумовски

Во ќелијата на „Газда Деко“ е пронајден мобилен, судијката само го опомена сопственикот на дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење „Пулс“: Сведокот Николов тврди – видов дим и се слушаа чудни звуци, тогаш сфатив дека е нешто сериозно