А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Осумнаесет затвореници од „Идризово“ во изолација, меѓу нив и Сеад Кочан

by Кристијан Ландов02/07/2020 - 20:3502/07/2020 - 20:431223
Share0

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик кој се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски вели дека целото крило во приземјето е изолирано и така ќе остане наредните 14 денови. Меѓу изолираните поради контакт со заболениот осуденик е и Сеад Кочан кој одлежува казна затвор од четири години и осум месеци.

Добивај вести на вибер

„Затвореникот беше на викенд од 24 до 27 јуни. На 30 јуни имаше покачена температура, поради што веднаш беше изолиран. Му беше направен тест за коронавирус кој беше позитивен. Целото крило е во самоизолација во траење од 14 дена, бидејќи сите затвореници се соба до соба и имале меѓусебен контакт“, вели Мојсовски за „А1он“.

Тој додава дека ниту еден затвореник досега не развил симптоми, ниту пак, имало бурни реакции поради тоа што во затворот е евидентиран случај на заразен со вирусот. Мојсовски се надева дека нема да има зголемен број на заболени во затворот, но доколку се случи тоа, алтернативата е да се лекуваат во објектот на затворот кој е во склоп на Клиничкиот центар во Скопје.

„Очекувавме да се случи и ова, иако сме заштитени со протокол, затворениците потпишуваат изјава при излегување, запознаени се со сите работи. На нив им беше забранет викендот, но тие сакаа да одат. Околу 300 луѓе имаа право да искористат викенд. Ако не ги пуштевме, тие ќе реагираа, па ќе реагираше Народниот правобранител, Хелсиншки комитет и така натаму. Тие се запознаени дека треба да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна маска, да одржуваат дистанца, да не се групираат“, додава Мојсовски.

idrizovokoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски26/11/2025 - 13:1526/11/2025 - 13:16

Починал затвореник на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Предраг Петровиќ02/08/2025 - 14:45

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:49

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 15:25

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Горан Наумовски29/05/2025 - 10:32

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Горан Наумовски29/05/2025 - 07:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен