Осуммина Турци уапсени на излезот на Скопје, четири дена претходно натепале тројца во Центар

Од:

Осуммина турски државјани се уапсени на излезот од Скопје, откако биле пријавени дека физички нападнале тројца жители на главниот град, при што користеле и тврди предмети.

„На 21.06.2021 околу 21.00 часот во Скопје на бул.„А.Македонски“ од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба биле лишени од слобода К.А.(28), Е.М.(29), Е.М.(35), Б.У.(28), Б.М.(33), Н.О.(24), И.В.(35) и Г.С.(30), сите турски државјани, поради основано сомнение дека на 17.06.2021 во 18.45 часот, на подрачјето на Центар, физички ги нападнале, К.А.(27), О.Б.(30) и Ф.Н., користејќи и тврди предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец