Осуммина повредени во вчерашната сообраќајка во Тетово

Од:

– Осум лица биле повредени во сообраќајката што вчера попладне околу 18 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улиците „Штипска“ и „116“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

 – Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„Форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал тетовецот М.Р.(24) и „Југо“ со тетовски таблици управувано од Р.В.(26) исто така од Тетово. Во несреќата телесни повреди задобиле двајцата возачи, двајца сопатници од „Фордот“ и четворица од „Југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома, рече Јосифовски.

Тој додаде дека извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата во која вкупната материјална штета се проценува на 40 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски