Осуммина починати од Ковид-19 во Скопје, 572 новозаразени во изминатиот ден

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 572 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што бројот на активни случаи во главниот град се искачи на 9.479, што е највисоката бројка досега.

Во овој период починале осуммина жители на главниот град, на возраст од 67 до 87 години, соопштија здравствените власти.

150 пациенти од Скопје оздравеле во изминатите 24 часа.

Еве како се распределени активните случаи на Ковид-19 по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 590
• Гази Баба – 1385
• Аеродром -1382
• Карпош – 1199
• Центар – 1157
• Кисела Вода – 1154
• Ѓорче Петров – 779
• Бутел – 513
• Шуто Оризари – 166
• Студеничани – 46
• Сарај – 136
• Арачиново -33
• Илинден – 238
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 106
• Петровец –116
• Зелениково -65
• Странец – 165
• Нераспределен- 186

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан