Осумгодишно дете повредено со оружје во кавадаречко Бегниште

Од:

Дете на возраст од 8 години е повредено со оружје во селото Бегниште, Кавадаречко, оваа информација ја потврди портапролот на СВР Велес Анита Стојковска.

– Во 12.30 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, било пријавено од страна на доктор во Итна медицинска помош, дека во кавадаречкото село Бегниште има повредено дете родено 2007 година и дека повредата е од оружје, кажа портпаролката.

Увидни екипи од полициската станица од општа надлежност Кавадарци врши увид на местото на несреќата.

Според доктор Дано Кулев, началник на хируршкото одделение при општата болница во Кавадарци, станува збор за повреда со сачма од воздушна пушка.

– Според првичните сонанија до кои дојдовме како медицински лица, детето си играло и во еден момент кога се завртело со главата, почувствувало јака болка во пределот над левата ушна школка. Почувствувало исто така и крварење и веднаш со брза помош беше донесено во нашата болница. Веднаш ја извадивме сачмата од неговото тело, кажа Кулев кој е специјалист по хирургија.

Тој информираше дека на детето веднаш му била укажана прва медицинска помош, му била соодветно третирана раната, ја добило потребната терапија и се наоѓа вон животна опасност.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он