Осумдневна рестрикција на водата во Кочани

Од:

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани од денеска започна со рестрикции на водата за корисниците кои се приклучени на градскиот водовод.

Од „Водовод“ истакнуваат дека поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, како и од енормно зголемената потрошувачка, особено во вечерните часови и нерационалното користење на водата, се принудени за воведување на рестрикцијата.

Во писмената информација од Претпријатието, наведуваат дека се принудени да воведат осумдневна наизменична рестрикција во сите зони во населените места и во градот. Рестрикциите се воведуваат со цел водата да стигне до сите потрошувачи, бидејќи превентивните мерки со контроли и санкции против несовесните потрошувачи не ги дале очекуваните ефекти.

Според распоредот, први без вода денеска и на 13 август во периодот од 14 до 20 часот ќе останат потрошувачите од селата: Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Бања. На 10 и 14 авгст вода ќе немаат корисниците од ниската зона во градот, додека за потрошувачите од средната зона рестрикцијата ќе се спроведе на 11 и 15 август. Без вода од водоводната мрежа ќе останат и корисниците од високата зона, кои ќе бидат исклучени на 12 и 16 август.

Од КЈП “Водовод“ очекуваат граѓаните да имаат разбирање за преземените мерки и да дадат придонес во настојувањата водата да биде подеднакво достапна за сите корисници од градскиот водоснабдителен систем.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски