Осумдесет и деветгодишник тешко повреден при сообраќајка во Кавадарци

Од:

Осумдесет и деветгодишник бил тешко повреден при сообраќајка синоќа во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– На крстосницата од улиците „Страшо Пинџур“ и „Ило Костов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која учествувале мотоцикл „Џонвеј“, управуван од М.Г.(40) од Кавадарци, непознато возило, кое го напуштило местото, во која бил удрен пешакот Б.Ј.(89) од Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Кавадарци, Е.С.(28) од Кавадарци вчера пријавила дека истиот ден околу 13.00 часот, С.Ф. од Кавадарци се обидел да изврши обљуба врз неа, но не успеал. С.Ф. бил приведен во Полициската станица Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа