Осум жени пронајдени во два објекта во Добридол, се сомничат за проституција

Од:

Осум женски лица, од кои три државјанки на Северна Македонија и пет странски државјанки се пронајдени при претрес на полицијата во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, како и во куќата на сопственикот.

Тие се приведени поради сомнение за посредување во проституција. Во акциската контрола која е спроведувала од синоќа во 23 часот до изутринава во 3:20 часот, учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР.

Извршена е контрола во угостителски објект во Добридол, гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50).

Во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од три државјанки на Србија, една од Црна Гора и една од Хрватска на возраст од 20 до 31 година, како и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.

Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција“, казниво по чл.191 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари