Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Скопје, која се случи утринава учествуваа осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила – соопштуваат од МВР.
Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот.
