Осум сообраќајки во скопско изминатите 24 часа, четири лица лесно повредени

Од:

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 81 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, девет возачи за не поседување пропишана зимска опрема, шест возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 13 возачи, од кои 12 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и осум нерегистрирани возила.

Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 79 возила.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања