Осум сообраќајки во Скопје

Од:

Три лица биле полесно повредени во две од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување. Од сообраќај биле исклучени четири лица кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила кои биле нерегистрирани. Затекнати биле 84 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 83 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Ристо Крле“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош