Осум приведени во акциска контрола за спречување продажба и ужување опојна дрога

Од:

Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес во текот на минатиот викенд реализира акциски контроли на подрачјето на Неготино и Кавадарци за спречување на уличната продажба и уживање на опојни дроги, при што лиши од слобода осум лица М.Ч. (19), П.А. (22), А.Д. (23), А.Ј. (26) М.Б. (25), В.В. (21), сите од Неготино и И.Ѓ. (21), и Л.И. (21) од Кавадарци.

Кај приведените, информира МВР, пронајдена е опојна дрога марихуана во помали количини подготвена за препродажба, како и за употреба (цигари со марихуана).

– Во акциската контрола запленети се над 70 грама опојна дрога марихуана. По лишувањето од слобода на лицата, со нив е извршен разговор, по што се пуштени на слобода, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ