А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Осум лица приведени за поседување дрога на наплатната станица на автопатот Тетово – Гостивар

by А1он03/08/2019 - 13:54556
Share0

Вкупно осум лица се приведени за дрога во три полициски контроли завчера и вчера на наплатата станица на автопатот Тетово – Гостивар.

Следете a1on на Instagram Instagram

Шест лица од Скопје, во две одделни контроли, се приведени вчера во период од два часа, помеѓу 20 и 22 часот, откако кај нив биле најдени наркотични средства, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 20.15 часот полициски службеници од Гостивар лишиле од слобода двајца жители на Скопје. Кај двете лица биле пронајдени марихуана и кокаин. Два часа подоцна, околу 22 часот, на истата наплатна станица лишени од слобода биле четири лица исто така од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Претходниот ден, на први август вечерта, пак, гостиварските полициски службеници привеле и нивни колега од Градец. Тој е лишен од слобода поради истите основи за сомнение, со оглед дека кај него и кај уште едно лице бил најден кокакин.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Околу 19 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево полицајците при извршен преглед кај едно лице од село Градец, Гостиварско, и кај уште еден гостиварец нашле кокаин, информираат од МВР.

Сите приведени лица во Полициската станица Гостивар се задржани за понатамошна постапка.

hronika

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:4204/11/2026 - 14:43

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 13:1804/11/2026 - 14:42

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 12:36

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 14:1002/11/2026 - 14:29

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео