Осум лица повредени во 17 сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Од:

Пешак е тешко повреден, а седум лица се  здобиле со полесни повреди во пет од 17-те евидентирани сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа. Останатите 12 сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајката во која е повреден пешакот се случила во 16 часот и 45 минути на крстосницата од улиците „Павел Шатев“, „Свети Наум Охридски“ и  „447“, а учествувало патничко моторно возило „хонда“.

Во останатите четири сообраќајки полесно се повредени  четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и возач на мопед.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 13 не почитувале ограничување на брзината на движење, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а осум возачи зборувале на мобиле при возење.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во организација на Град Скопје денеска од 11:40 до 12:30 часот  пред Триумфалната порта ќе се одржи предновогодишна програма – пристигнување на Дедо Мраз, а по повод дочекот на Новата 2016 година централната прослава ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 21 часот.

Со цел безбедно и непречено одвивање на овие манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочен на дел од ул. „11 Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ и тоа на потегот од крстосницата од ул. „11 Октомври“ со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата од ул. „Димитрие Чупоски“ со ул. „Даме Груев“ пред ТЦ „Палома Бјанка“.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја