Осум колапси во утринските часови, зголемен бројот на повици во ИМП

Од:

Осум колапси на граѓани имаше денеска во утринските часови на јавни места во Скопје поради високите температури. Најчесто имаме меѓу 90 и 100 повици дневно, а деновите има зголемување за 15 до 20 отсто и дневно има 110 повици. На јавни места има повеќе колапси во последниве два дена, изјави за МИА, д-р Георги Карамановски, шеф на смена во Итната медицинска помош.

Тој посочи дека граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време се вообичаено хронично болни, астматичари…, но има и такви со мозочни удари и инфаркти. Дел од граѓаните не ги слушаат препораките што ги даваме по јавните медиуми, а се однесуваат на топлото време и колабираат, додаде Карамановски.

– Возрасните излегуваат по пазари кога не треба да излегуваат, а младите излегуваат од изутрина нејадени и тие колабираат. Но, за среќа, немаме граѓани со потешки последици. Обично на лице место се интервенира и ретко кој е однесен во здравствена установа, нагласи Карамановски.

Тој додаде дека препораките до граѓаните кои се однесуваат на топлото време се стандардни кои ги дава Светската здравствена организација, а тие се во периодот меѓу 11 и 17 часот да не се излегува надвор на Сонце, да се пие поголема количина вода и други течности, да се внимава на исхраната која треба да биде свежо подготвена и да нема мајонези во неа, да се носи светла и памучна облека и да се престојува во климатизирани простории.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните