Осуденик убиен во тепачка во судскиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци

Од:

Од ударите со стаклено шише починал 62-годишен неготинец кој бил дел од тепачка во судскиот оддел на Психијатарската болница во Бардовци. Го убил друг затвореник, информираше Министерството за внатрешни работи.

Починатиот бил осуден за убиство, додека убиецот одлежувал казна за семејно насилство.

– На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал, извести МВР.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок