Осуденик се обидел да избега од „Идризово“

Од:

МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел да избега од затворот „Идризово“, но бил спречен од вработените.

Како што информира МВР, се работи за И.М. (31) кој при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените.

-На 2.2.2024 во 16 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Пандов: Судница во Идризово е правена по европски стандарди, заслужува почесто да биде користена

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Уапсен е осмиот затвореник кој избега од затвор во Њу Орлеанс, уште двајца се во бегство

Калифорнија: Затворски службеници се повредени од затвореник