Осудени насилниците во тетовските протести за „Монструм“

Од:

Тетовскиот суд на десетината агресивни демонстранти за случајот „Монструм“ денеска им определи казни. Осумина „заработија“ по 2,5 години условно, додека на двајца, кои се ослободени по осумдневниот притвор, ќе им се суди во редовна судска постапка.

Од утрово, околу зградата и по тетовските улици имаше зголемено присуство на полициски сили, а исходот пред зградата го очекуваа триесетина лица, роднини и пријатели на осомничените.

Судската разврска доаѓа откако СВР Тетово минатата недела поднесе десет кривични пријави. Со нив беа опфатени лица кои како учесници во протестите се судрија со полициски кордон по што имаше, девет повредени лица.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски