Осуден на 10 години затвор, избегал и повторно крадел – уапсен криминалец баран по централна потерница

Од:

Криминалец осуден на 10 години затвор избегал од затворот Идризово и повторно крадел. По него била распишана и централна потерница бидејќи имал да долежи уште 6 години од казната. Полицијата го пронашла и привела во текот на вчерашниот ден.

„ На 29.05.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.“ велат од МВР.

При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени и предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Моќен нарко-бос кој имал врски со балкански криминалци е екстрадиран во САД

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Иран: Во израелскиот напад врз затворот „Евин“ загинаа над 70 затвореници

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница