ВИДЕО: Жестока дискусија во ДИК, отфрлени приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во моментов трае жестока дискусија во Државната изборна комисија помеѓу членовите каде на јавната седница се расправа за приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за изборните резултати.

Најжестока расправа имаше за приговорот во Општина Центар, каде што на граѓанин му било дозволено да гласа, а немало негов потпис во списокот.

Досега се разгледани три приговори, а четвртиот е во процедура. Првиот е за две избирачки места во Прилеп, за несовпаѓање на записниците, кој е отфрлен, како и еден за Ѓорче Петров за кој се утврди дека не е точно дека недостига потпис на член на одбор на извештајот.

Мнозинството од членовите одлучија да го свикаат избирачкиот одбор од избирачкото место 2806/1 за да дадат исказ пред комисијата. На ова точка најмногу негодуваше Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Процедурата мора да биде запазена. Доколку е прекршена, ние сме тука да реагираме, рече Бонева.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, ја смируваше ситуацијата и бараше да не се троши времето на непотребна дискусија.

„Имаме рок во кој треба да ги разгледаме приговорите. Ако продолжиме вака, нема да завршиме до 19 часот“, рече Чичаковски.

Додека се чека избирачкиот одбор за Центар, комисијата започна со разгледување уште еден приговор за гласачко место во Прилеп, каде што има поплака за злоупотреба на УВ-ламба.

Инаку, од поднесените 43 жалби, ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на седницата повлече три.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини