А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Остануваат истите правила за движењето на земјоделците за време на полициски час

by А1он16/04/2020 - 14:35915
Share0

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење, соопштија од Минитерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Добивај вести на вибер

Од Министерството истакнаа дека за сите земјоделци кои имаат потреба за извршување земјоделски активности за време на Велигденските празници, движењето ќе биде регулирано на ист начин како по претходно утврдените правила.

– Земјоделците чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба, посочија од Министерството.

Од МЗШВ наведоа дека земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности, треба телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Потребата за движење, неевидентираните земјоделците треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20:00 часот. При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

– Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР), истакнаа од Министерството.

Од МЗШВ наведоа дека за земјоделците над 67 години, останува да важи забраната за издавање дозволи за движење. За време на Велигденските празници, со Одлука на Владата, за лицата над 67 година има целосна забрана за движење.

– За извршување тековни активности на земјоделски стопанства каде носителот е регистриран земјоделец постар од 67 години, со цел да го заштитиме нивното здравје и да го намалиме ризикот од зараза со Ковид – 19, а сепак да нема прекин во извршувањето на пролетните земјоделски активности, дозвола за движење се издава преку Подрачните едници на МЗШВ, на помлад член од семејството, информираа од Министерството.

policiski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен