Основното училиште “11 Октомври“ – го прослави својот 58-ми роденден

Од:

Основното училиште “11 Октомври“ – Скопје денеска прослави го прослави својот 58-ми роденден.

Низ ходниците и училниците на ова основно училиште поминале многу спортисти, политичари, бизнисмени, музичари, личности од јавниот живот на Република Македонија и многу други основци.

Својот роденден ОУ “11 Октомври“ го прослави во халата на училиштето со пригодна културно-музичка програма, со хорски настап на хорот на ОУ “11 Октомври“, настап на училишната музичка секција и танчерска точка.

Целата манифестација, за разлика од минатите години беше збогатена и со разни катчиња во кои се учениците правеа модели од глина, цртаа, ги демонстрираа своите компјутерски вештини, рецитираа проза и читаа поезија.

Директорката на училиштето, Соња Ангеловска одржа поздравен говор на кој им се заблагодари на учениците, но пред се’, најголема благодарница упати до наставниот кадар, кој сиве овие години се труди на децата да им го овозможи најдоброто образование на учениците.

Исто, заедно со наставниот кадар, патронатот го чествуваа и Сојузот на борците на РМ – Центар, чиј претседател, Атанас Бојаровски се заблагодари на поканата, истакна дека традицијата заедно да се чествува празникот продолжува и оваа година и исто – на училиштето во знак на благодарност му ја подари збирката “Бели Мугри“ од Кочо Рацин.

На патронатот присуствуваше и делегација од општина Центар, предводени од секретарот на општината, г-дин Дончо Герасимовски и дел од советничката група на Сојузот на Иднината на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар