Основното јавно обвинителство – Тетово го истражува синоќешното убиство во Мала Речица

Од:

Вчера вечер околу 23:15 часот во Мала Речица, по вербална расправија, едно лице – жител на Мала Речица е лишено од живот, а двајца негови сограѓани се здобиле со прострелни рани од огнено оружје – пиштол.

Според првичните сознанија извршители на кривичното дело се две лица од Тетово, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот и се трага по нив. Повредените се испратени на лекување во Клиничката болница во Скопје.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово ги презема сите мерки и дејствија за расветлување на причините што довеле до овој кривично – правен настан. Издадени се низа наредби како за потрага по осомничените лица, така и наредби за прибирање на траги и изнаоѓање на докази за расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка