Основното јавно обвинителство не го дава предметот за новинарот Зоран Божиновски

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција тврди дека е надлежно за предметот Шпион, во кој е обвинет и новинарот Зоран Божиновски, а насоките ги добиле од Советот на јавни обвинители.

Одговорот од ова обвинителство доаѓа откако СЈО на 11 август побара да им се предаде предметот за Божиновски, за кој како што соопштија “имаат воспоставено надлежност“.

Следува соопштението на Основното јавно обвинителство.

-Во рамките на своите надлежности, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе по однос на барањето за доставување на предметот поднесено од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Советот на јавните обвинители решавајќи за предметот „Шпион“, во април годинава достави одлука според која надлежно за постапување за предметот „Шпион“ е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Одлуката Советот ја достави до Основниот суд – Скопје, Апелациониот суд – Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Обвинетиот З.Б. е дел од предметот „Шпион“ од 2013 година, но истрагата за него беше запрена поради неговата недостапност се до 21.04.2016 година кога истиот е екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ја почитува претходно донесената одлука на
Советот на јавни обвинители како единствен надлежен орган што ја оценува законитоста во работењето на обвинителствата. Од тука, а имајќи предвид дека станува збор за дел од истиот предмет, за поднесеното барање побара насока за постапување од Советот на јавните обвинители.​

Би можело да ве интересира

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Американски двоен агент кој работеше за Москва е пронајден мртов

Горан Наумовски

Руските истражители го обвинија новинарот Еван Гершкович за шпионажа