Основно училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник

Од:

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, дознава „А1он“.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште.

Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.

„Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“, велат извори за „А1он“.

Министерот за образование постапувал во сличен случај во средното училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес. Таму најпрвиин ги одземал ингеренциите од градот за хемиското училиште и потоа назначил в.д. директор, но во случајот со основното училиште „Блаже Конески“ не бил испочитуван законот.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите