Основно јавно обвинителство почнало да работи на кривичните пријави на опозиционерите

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека кривичните пријави поднесени од СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа.

„Повикани се подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејствија со цел да се соберат известувања и релевантни докази за одлучување по кривичните пријави.

Воедно, по однос на објавените снимки и други материјали за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, јавното обвинителство известува дека се издадени наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци“, стои во соопштението на Основно јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски