Основен суд 1: Ние не сме фотокопирница за да даваме класифицирани докази

Од:

Основен суд Скопје 1 реагира дека не ја одолговлекува или избегнува правдата во случајот „Пуч“.

„Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека судот е тој што ја
опструира работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), при што јавно се прозива Кривичниот суд како законски единствен стварно и месно надлежен суд дека не поседува сертификат за пристап до класифицирани информации наспроти странките, со што јавно се девалвира и навредува улогата и позицијата на судот и судиите во постапката, а со политички говор се издигнува улогата на СЈО.

И појаснуваме на јавноста дека во конкретната ситуација не е спорно дали некој има или нема сертификат да врши увид и да работи со списите на предметот во кој има класифицирани информации и ова за судот е расчистено прашање. На СЈО му е дозволен непречен увид во секое време во сите списи на предметот.

Замената на тезите дека некој има сертификат или нема не соодејствува со барањата на СЈО, судот не може спротивно и со повреди на Законот за класифицирани информации да се претвори во фотокопирница и копира класифицирани списи и докази, за што нема такво овластување, а кое нешто го појаснивме во нашето вчерашно соопштение.

Ги повикуваме обвинетите лица во наведената постапка да не ја злоупотребуваат постапката за политички говори како директен напад и непочитување на институцијата суд и на овој начин да вршат притисок врз работењето на судот.“, стои во реакцијата на Основен суд 1 Скопје.

Би можело да ве интересира

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции