Основците од Кисела Вода ќе творат за ликот и делото на Пушкин

Од:

Во пресрет на манифестацијата „Пушкинови денови“, која годинава Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира по јубилеен, 10-ти пат, оваа локална самоуправа распиша јавен конкурс во основните училишта од овој дел на градот.

Учениците ќе изработуваат ликовни и литературни творби на тема „Ликот и делото на Александар Сергеевич Пушкин “. Во конкурсот ќе бидат опфатени учениците од VI – IX одделение.

Секое училиште може да учествува со најмногу 3 творби. Истите треба да се достават до Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт најдоцна до 04.06.2018 година до 12:00 часот. Вреднувањето ќе го изврши Комисија избрана од Градоначалникот.

Трите наградени творби од ликовниот конкурс и литературниот конкурс ќе бидат дел од културно-уметничката програма од „Пушкинови денови“ која ќе се одржи на 6 јуни во паркот Пушкин со почеток во 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода