Основан Националниот младински совет на Македонија

Од:

На 29-ти јуни во Струга беше основан Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Тој е основан од страна на 55 организации составени од младински организации, организации за млади како и сојузи и подмладоци на политички партии.

„Националниот младински совет претставува национално тело на младите и младинските организации“, изјави Ивана Давидовска потенцирајќи дека организациите викендов дебатираа и заедно ги донесоа статутот и акцискиот план на Советот.

Основната мисија на НМСМ е да ги застапува и претставува младинските интереси, како и да воспостави врска со сите чинители, со цел унапредување на младинското учество на сите нивоа во државата.

mladd (1)

„Ова ќе претставува еден простор каде што младинските организации ќе можат да дебатираат на многу прашања, заеднички да истапат со став пред институциите како и да побараат повеќе младинско учество и права за младите во различните сектори“, објасни Давидовска.

Делегатите од Основачкото собрание ја избраа Дона Костуранова (МОФ) за потпретседател, а членови на Управен одбор се: Иван Јованов (Младите можат), Горан Георгиев (Сојуз на извидници на Македонија), Даниел Калајџиески (ХЕРА), Арбен Ристеми (Центар за развој на заедницата) и Антонио Јовановски (Гоу Грин).

mladd (4)

Од НМСМ бараат институциите да го признаат формирањето на иницијативата затоа што треба да се воспостави дијалог со младите и нивните ставови да бидат застапени.

Давидовска истакна дека Советот уште од почетокот ја има поддршката од Европскиот младински форум (ЕМФ) кој е претставничка организација на националните младински совети и меѓународни организации на европско ниво.

Петар Матјашиќ, претседател на ЕМФ посочи дека досега регионот на Југоисточна Европа бил црна точка, и дека веќе повеќе години се работи на тоа да се воспостават Младински совети во регионот.

mladd (3)

„Македонија е комплексен случај, бидејќи не е прв пат да се организира НМСМ, но овој пат е различно“, посочи Матјашиќ.

Тој истакна дека младите и организациите во Македонија ја увиделе потребата од Национален младински совет кога тековната влада предложила Закон за млади без да ги консултура младинските организации.

„Ова беше моментот каде организациите се здружија, особено оние кои веруваат во пристапот од доле кон горе, како и во директна дискусија и инволвираност на младите луѓе“, рече Матјашиќ. Тој ја поздрави оваа иницијатива со која младите во Македонија докажале дека тие се оние кои ги туркаат работите, кои преговараат и постигнуваат компромиси, особено во земја и регион каде не секогаш лесно се стигнува до заеднички договор. „Ние како ЕМФ ќе им помогнеме и ќе им асистираме во процесот“, заклучи тој.

mladd (5)

Целите на НМСМ се поттикнување на процеси за креирање на политики кои овозможуваат соијален и личен развој на младите, застапување и делување во име на младите и нивните интереси, претставување на нивните интереси пред институциите, промоција на неформално образование за младите како и промоција и дејствување кон зајакнување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки.

Во наредниот период НМСМ активно ќе работи на подобрување на положбата на младите, а ги повикуваат и сите други организации кои сеуште се немаат приклучено, да се приклучат кон иницијативата бидејќи платформата е отворена.

Темјана Поповска / Фото: Ванчо Џамбаски

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите