Осмо издание на фестивалот „Ин Виница веритас“

Од:

Годинашното осмо издание на меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ во Виница ќе се одржи од 19-ти до 23 октомври и ќе бидат изведени пет престави со хумористична содржина на театарски аснамбли од Македонија и Србија.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Фестивалската управа на која пред новинарите беше пртетставена и програмата на фестивалот.

– Фестивалот започнува на 19 октомври вечерта кога во големата сала на Домот на културата ќе им бидат доделени наградите на годинашните добитници од меѓународниот конкурс на тема „Светот е мал“, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“.

Тој инфотмираше дека очекува на отворањето на фестивалот да пристигнат и наградените и пофалените карикатуристи, а во чест на наградените ќе биде прикажан сценскиот проект „Има една земја“ по текст на Бојан Љубеновиќ во режија и актерска игра на Јовица Јашин.

Во рамките на фестивалот ќе настапат театари од Штип, Велес, Битола а на затворањето – театарот од Теразија од Белград со претставата „Чај од јасмин“.

За градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев, овој меѓународен фестивал на хумор и сатира е убава можност за презентација на Виница и нејзините културни вредности и надвор од нашата земја бидејќи, како што истакна тој, годинава пристигнале 320 карикатури на автори од 47 земји од Европа и светот.

Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура и Општина Виница со буџет од еден милион денари.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница