Осми научен собир на млади македонисти

Од:

Од денеска до 18 мај на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи Осмиот научен собир на млади македонисти. Настанот го организира Катедрата за македонски јазик и југословенски јазици, а негов покровител е ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

На собирот се пријавени 50 учесници, од кои 19 се странци, главно студенти, постдипломаци, докторанти од странски универзитети кои се занимаваат со  теми од областа на лингвистиката и славистиката.

Првиот научен собир на млади македонисти се одржа пред 20 години, а од оваа година во својот назив тој ќе добие уште една одредница – Конференција во чест на професор Лилјана Минова – Ѓуркова. Со ова катедрата изразува благодарност и чест на професорката која беше иницијатор и долгогодишен поддржувач на овие собири.

Би можело да ве интересира

Студентите во Србија не се откажуваат од своите барања: Подготвуваме нешто поголемо и помасовно

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар