Османи: За СЈО да се разговара паралелно и со опозицијата и со пратениците

Од:

За законот за Специјалното јавно обвинителство треба да работиме паралелно во два правца, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на законот за СЈО, по состанокот во Владата со претставниците на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на законот.

– Паралелно треба да работиме на двата правца – и да се обидеме максимално да постигнеме консензус, бидејќи сепак се работи за област што бара консензус во едно општество, рече Османи.

Испрати порака порака до сите политички партии да не се откажат од барањето консензус до последен момент, но паралелно, како што посочи, треба да видиме и други начини за комуникација директно со тие што ја носат одлуката, а тоа се пратениците.

Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски