Османи за почетокот на преговорите со ЕУ: Тоа што е ветено, треба да биде испорачано, ова има колатерални штети

Од:

„Тоа што е ветено, тоа треба да биде испорачано“, вака министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговори на прашањето дали во средината на јануари ќе се надминат проблемите со Бугарија и ќе се отпочнат преговорите со Европската Унија. Според него, постојаните одлагања, носат колатерални штети на јавноста и полтичарите.

„Ние го заслужуваме овој процес. Нема да престанеме да работиме додека не станеме членка на ЕУ. Се разбира дека тоа има колатерални штети. Сметам дека не треба да ги оставиме мирни ниту Брисел, ниту Софија. Тоа е ветено, тоа треба да го испорачаат, па и по цена на трошење на политичкиот капитал, на секој од нас“, посочи Османи.

Тој додаде дека Македонија нема да прифати чекори кои ќе значат неизвесност.

„Преговарачката рамка е документ на Советот на ЕУ, но тој документ мора да го прифатиме и ние. Нашиот став ќе биде јасен, дека повеќе нема да прифатиме било какви чекори кои ќе значат неизвесност. Повеќе од една година барам да се одржи вториот состанок на меѓувладината комисија, бидејќи тоа е најобјективниот барометар за тоа дали се имплементирал Договорот со Бугарија. Другите оценувања се необјективни“, додаде Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија