Османи во Њујорк положи цвеќе на Меморијалниот музеј за 11-ти септември

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на посетата на Њујорк во рамките на неговото учество на 76 заседание на Генералното Собрание, го посети Националниот меморијален музеј за 11 септември, каде положи свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 г. Споделувајќи ја тагата за загубените човечки животи, Османи изрази сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ.

„На 20 годишнината од овој трагичен настан, Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од споделена солидарност со сите жртви од тероризмот во светски рамки.” – истакна Османи при посетата на Меморијалниот музеј.

Во рамки на 76-тото заседание на Генералното Собрание, министерот Османи учествуваше на повеќе министерски состаноци и сесии организирани во рамките на Обединетите нации. Османи учествуваше на Министерскиот состанок на Заедницата на демократии, организиран од Романија во својство на претседавач. Како единствена членка од Западен Балкан на Заедницата на демократии, министерот Османи во своето обраќање укажа дека земјата стои силно зад демократските принципи и вредности.

Министерот Османи учествуваше и на Министерскиот состанок на Алијансата за мултилатеризам, организиран од министрите за надворешни работи на Германија и Франција, каде беа разменети мислења за ефективниот мултилатеризам, што претставува приоритет и за Северна Македонија. Во таа насока, Османи укажа дека земјата како активен чинител на меѓународната заедница ќе продолжи со таквата заложба и за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Во рамките на Генералното собрание на ООН, министерот Османи имаше обраќање и на Конференцијата за поддршка на влегување во сила на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања, каде ја истакна значајноста на споменатиот договор како столб за нуклеарно разоружување и непролиферација.

За време на посетата на Њујорк, министерот Османи заедно со неговиот филипински хомолог, Теодоро Л. Локсил, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што претставува 181-ва земја со која имаме воспоставено дипломатски односи. Денес на агендата на Министерот Османи е предвидена и билатерална средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и средби со негови хомолози од воневропските земји, меѓу кои и Сингапур.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?