Османи: Владата останува максимално посветена во реализација на полноправно членство до 2030 година

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој го придружуваше премиерот Димитар Ковачевски на билатерална средба со претседателот на Европскиот совет, на Фејсбук напиша дека имале продуктивни разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и оти во фокусот биле преговорите за членстви во ЕУ.

-Во фокусот: преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, европската перспектива на земјите од Западен Балкан и регионалната соработка. Владата останува максимално посветена во реализација на стратешката цел: полноправна членка до 2030 година, за стабилна и просперитетна иднина на нашите граѓани. Унијата наш недвосмислен партнер во реализација на домашната реформска агенда, напиша Османи.

На билатералната средба што се одржа пред денешниот почеток на Бледскиот стратешки форум присуствуваше и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија