Османи: Венецијанската комисија треба да одлучи дали ќе даде мислење за целиот Закон за јазици или само спорните делови

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека попладнево ќе оствари средба со делегацијата на Венецијанската комисија, на која тој ќе даде објаснување во врска со спорните одредби од Законот за употреба на јазиците, додека пак тие, како што рече, ќе одлучат дали ќе дадат мислење на сите одредби од Законот или само за спорните одредби што не се ставени во Законот.

– Кога го договаравме Законот за јазици останаа спорни две одредби – употребата на јазикот во банкнотите и во униформите на војската. Затоа што имаше правници во тоа време кои ни укажуваа дека тие може да бидат противуставни и евентуално утре можат да паднат на Уставен суд. Бидејќи имаше протагонисти кои сметаа дека и тие треба да бидат, тогаш договоривме дека е најдобро едно неутрално, објективно, меѓународно тело да го каже тоа, рече денеска Османи при посетата на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Повтори дека првичната идеја зошто е пратен во Венецијанската комисија Законот за употреба на јазиците, е за да ги испита овие две одредби – за банкнотите и за уноформите.

– Кога ги праќате двете одредби мора да го пратите целиот текст заради контекстот, за да можат тие да го испитуваат контекстот. Има различни интерпретации дали тие ќе го испитаат целиот текст на законот, или ќе се фокусираат на тие две одредби, меѓутоа јас ќе се видам со нив попладнево и ќе го направам ова објаснување пред нив па ќе видиме што тие ќе одлучат – дали ќе одат на испитување и давање мислење на сите одредби од законот или на тоа што нас ние најважно, а тоа се спорните одредби кои не се ставени во законот, односно ние намерно се повлековме од нив, за да не ризикуваме некој да го спори во Уставен суд, појасни Османи.

Делегација на Венецијанската комисија денеска престојува во земјава, каде ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците.

Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ќе имаат заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Движење БЕСА.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада