Османи – Вархеји: ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска одржа видео-конференциски состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, на кој разговарале за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ.

Како што соопшти СЕП, двајцата се осврнале и на итната помош што ЕУ ќе ја додели на нашата земја преку итната помош и со пренамена на дел од ИПА средствата.

-Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо – економските предизвици претставуваа значајна помош од стана на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од Ковид19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена, истакна Османи.

Вархеји истакнал дека како земја – преговарач, Република Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од Ковид 19.

Османи упатил и лична благодарност до еврокомесарот Вархеји за неговиот личен придонес за одлуката за пристапни преговори со ЕУ.

-Пренесувам искрена благодарност во името на целата Влада и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, за историскиот успех на земјата конечно да добие одлука за почеток на преговорите, истакнал Османи на видео-конференцискиот состанок со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов