Османи: Транспортната и енергетската поврзаност е клучна за регионална соработка и европска интеграција

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Генералниот директор на Генералниот директорат за мобилност и транспорт во рамки на Европската Комисија, Хенрик Хололеи.

Главна тема на средбата беше регионалната соработка меѓу земјите од западниот Балкан, како и нивното поврзување со земјите од Европската Унија. Во таа насока соговорниците разменија мислење во насока можностите за унапредување на регионалната соработка, особено низ призмата на конкретните проекти во рамките на регионалните инцијативи, како што е „конективити“ агендата на Берлинскиот процес.

„Зголемувањето на транспортната и енергетската поврзаност претставува и една од најважните иницијативи на Стратегијата за проширување на ЕК за земјите од Западен Балкан и е клучна за регионалната соработка и европската интеграција на нашата земја”- истакна Османи.

Во оваа насока Вицепремиерот Османи се осврна и на т.н. „Меко поврзување“, посочувајќи дека покрај подобрувањето на инфраструктурата, потребно е и усогласување на технички стандарди и воспоставување на мерки во насока на усогласување и поедноставување на процедурите за преминување на границата, и другите процедури кои ја отежнуваат комуникацијата.

Во продолжение Османи додаде дека претстојниот Самит за Западен Балкан во Лондон јули годинава, како дел од Берлинскиот процес, е потврда за решителноста на регионот да продолжи со спроведувањето на реформите, бидејќи успехот од спроведувањето на истите како и регионалната соработка се патот кон членство во ЕУ. „Наша обврска е да испорачаме што е можно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западниот Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите“ – заклучи Османи на крај од состанокот.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски