Османи, Таравари и Димитриевски добија легитимитет, Ванковска и Јакимовски уште собираат потписи

Од:

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски веќе ги собраа потписите и може да ги официјалнизираат своите кандидатури за претседател, а на Билјана Ванковска и на Стевчо Јакимовски ќе им требаат уште неколку дена.

Професорката Ванковска која е кандидат на Левица синоќа до 20 часот имаше собрано 7.876 потписи, додека градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, 6.676.

Другите кандидати не можат да стигнат до илјада. Најблиску се лекарот Вело Марковски со 934 и граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ со 887.

Бујар Османи има 11.028, 10.700 освои претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, а Арбен Таравари синоќа до 20 часот собра 10.0000 потписи.

Двајцата клучни кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, треба да го добијат своите номинации овој викенд и иако немаат потреба од потписи затоа што во трката ќе влезат со по 30 пратенички потписи, најавија дека ќе собираат и потписи од граѓаните. Собирањето потписи ќе трае до 8 март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Студентите во Србија собираат потписи – се прави притисок Вучиќ да распише избори

А1он